под (предл.) - наем (имн.)

- Нивите ги давам под наем. Доаѓа едно момче од Белград.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури и налудничавата мисла да ја земе под наем собата на катот за миг повторно му светна во умот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Заради забрзување на дивелопментот во таа насока, тој на брезничани им препорача да ги изнесуваат на сред село своите гостински маси и на проматарите да им ги издаваат под наем.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Голем дел од своето слободно време го трошеше на имотот кој неколку години по ред го земаше под наем од Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„А, ако не заслужам?“, прашуваш зашто до овој момент не те прашал дали ти воопшто сакаш да бидеш заробеник во некој стан во не знам која населба, кој со крв и пот тој и неговата сопруга го заработиле, ама тој, имајќи те тебе на ум, никако не се согласува да го издадат под наем.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)