под (предл.) - мост (имн.)

Под мостот вода морава - тече и мие ранава.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Келн под мостот на Рајна има свои привлечнисти, зашто овде многумина се собираат, за разонода и забава со герлите, кои овде се среќаваат на секој чекор.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Оттогаш никој не го видел повеќе жандармерискиот наредник од под мостот, во гратчето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И губејќи се самиот себе меѓу забрзаните луѓе, побрза да се најде во првата крчма, таму под мостот, под кој почнаа да се изнуркуваат и по ден призраците што се влечеа во тие ноќи по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ги запреа коњите разгледувајќи го одблизу манастирот, восхитени од неговата убавина, кој извишен на карпата над езерото и опкружен со зеленило, се чинеше како да лебди над водата во дланки господови; езерото под него поигрува, одблеснува на сонцето и полека ја заплуснува карпата; лево од манастирот под падината на планината, клокотат огромни извори и исфрлаат изобилство вода која плавно, широко се разлева правејќи езерце што го обградува пошуменото островце пред да го пресече патот под мостот и да влезе во езерото со бучеж; на дното од мирната вода во езерото се прелеваат разнобојни алги фаќајќи ја светлината од сонцето што низ бистрата вода продира до нив; на островцето столетните дрвја ги раскририле гранките спуштени до самата вода во која фрлаат зелени отсјаји; по водата пливаат патки и лебеди, кои вознемирени од тропотот на коњите, се оддалечуваат повнатре во езерото оставајќи долги, меки бразди зад себе; на ледината крај изворите пладнуваат купчиња овци како бели, отворени цветови.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од двете страни забележуваш вода. Брзо тече, се бранува под мостот по кој чекориш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
„Ќе те чекам под мостот. Испрати ја тетка ти дома и дојди“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И јас ти расправав видена пантомима за просјак што се гасне од глад и со последна надеж лови под мостовите на Сена.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И, од мост под мост, ме прејати во реката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Решена да одам напред по секоја цена На полна месечина Во последна мена На моето присуство му нема смена, знаеш и сам А долу под мостот валкана река тече без срам Упатувам поглед да проверам дали чека на нашата судбинска средба Мерам, премерувам, двапати мери Еднаш скокај Нашево некогаш немаше споредба Минаа годините кога заљубени мислевме дека овде е вечноста овде е рај По силата на гравитацијата понесена дознавам дека овде всушност е нашиот крај 2005
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
- Потокот што се влева во Маркова Река, веднаш под мостот во близината на селото Батинци, е зголемен со темна и видливо мрсна вода, чијшто мирис станува сѐ посилен доколку се оди кон неговиот горен тек поблиску до депонијата Дрисла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Беше еден мост. Под мостот течеше река. А во реката живееше една риба.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)