Од секого добива по една притворна насмевка и краток одговор на неговите прашања; ама колку за бериќетот сите како под команда одговорија дека годинава бериќетот е слаб.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Повеќе од нив се слушаше: „теслим, бре, кумитлар“, и сите под команда почнаа да стрелаат во чуката.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Претстражата од Сугаревата чета мораше да се јави прва.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
„1. Да се приклучат кон нашата војска под команда на ГШ на НОВ и ПО на Македонија за борба против Германците;
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Турскиот јазик со кој денес се служи населението во Турција (околу 60 милиони жители), помали групи од турско потекло на Балканот (во Бугарија, Македонија, Косово, Грција, Романија), како и неколку милиони во емиграција, започнал да се развива во Анадолија кон крајот на XI, уште од времето на освојувањето на полуостровот од страна на турските племиња дојдени од централна Азија под команда на Селџуците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Од балканската битка е истргнат настанов, време кога во 1912 година Србија, Бугарија и Грција, нешто пред тоа и Црна Гора, ѝ објавиле војна на Турција, а јавнатата Македонија ја бранеле од туѓо зло за свое, под команда на ефендија Али Риза: Вардарската армија на Зеки-паша, Струмичкиот корпус на Али Надир, Северноалбанската војска на Асан Риза, Јужно македонските чети на некојси Таксим, некакви други булуци на аскер и башибозук и богзнае какви сѐ уште регуларни и диви воини.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
По отуѓувањето на најмладиот волк, глутницата, под команда на навредената волчица, се решила да се одмазди.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
До промена ќе дојде во 1901 г., кога четите на ВМРО, под команда на Јане Сандански, ја киднапирале Елен Стон.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Се сетив на стратегиските игри кои ги измислувавме во воената школа, под командата на еден полковник на ЈНА.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Се колнам и во другарката Оливера Срезовска, ние одевме. Под строј, под команда.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Децата како под команда застанаа. - Доаѓа! - кликнаа децата како птици.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
- Ами ако оживи, - некој поприбрано, идиотски расудуваше, - тогаш како под команда молкнуваат сите гласови.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Но кога низ вратата тивко, како глувче се мушна стриче Лентен, кога ја видовме неговата подгрбавена, смалена фигура, сите како под команда занемевме.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Сѐ како под команда занемуваше во дворот.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Никој не можеше да го сопре ова движење на луѓето и козите, под командата на Чанга.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)