Доксим Тренчески ја фрли корупката од тиквата, се почеша под капата и слезе долу, во ќеварот. Ние стоиме, чекаме.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ти цртам снежен човек под капа, врисок на елка пренакитена, прскалка на честитка.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Но рокчето сѐ повеќе растело и уште повеќе се оцртувало под капата испупчувајќи ја, и уште повеќе паѓало в очи.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Тој фатил в раце едно парче коса, ја врти меѓу прстите и вели: барем не ќе морам под капа да ја кријам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Костур рано беше паднал под капата на грчкиот владика, како ли му беше, аха, ми текна – Каравангелис, ли? Не, не, тогаш не беше тој.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Капата ја носи на страна. Косата му е костенлива и му се подава малку од под капата на десната страна.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)