под (предл.) - брада (имн.)

Одеднаш му се свртува на машкото, го фаќа под брада, го гали: - Теткин, теткин, мил, мил.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со еден збор, молам да не се плашите од зборовите, значи денес, со еден збор, денес почнуваме да стреламе или да убиваме, значи вие ќе почнете да учите да убивате... ха-ха-ха, хе-хе-хе – се смее тој весело и гавресто му се тресат дебелите фаши месо под брадата, му потскокнува мевот врзан со стар, дебел офицерски појас.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Под брадата на вториот морињата се сокриваат. Сега делфините во влакна пливаат.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
Ги оставија пушките крај себе и двајцата, со колениците собрани под брадите, мируваа загледани под веѓи кон селото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Дедо тебе не ми те дава, жими тебе- ѝ рече триејќи ја галовно под брадата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кренавме врева, почнавме на мајка ми да бегаме додека Киле послушно веќе си ја врзуваше шамијата преку капата и преку ушите и под брадата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мал црвен нос, олупен од мајско сонце, тркалесто лице под брада, стиснати усни и ниско испупчено чело.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
До него, клекната, со колената под брадата, молчи и се нишка Богородица.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се изждрига шетајќи по гаќи, ја изжабурка устата над чешмата, ја фати перницата под брада и истиот час загрчи како да заструга јазлеста цепаница.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тамам се расположи, ја одврза шамијата од под брадата, и кога беше готова да се предаде на пријатноста на ладот,чу како нешто во коријата зашуме.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Под брадата му беа вкрстени два реда фишеци – само што се гледаа поради гуњата што ја носеше наметната на грб.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
и уште од далеку мириса на ракија, барем сега можете да кажете чии шпиони сте, вели, не оставајте ѝ товар на душата дури ќе го барате патот кон небото, кога ќе ја качувате кон господа душата, вели, на правина нѐ земате на душа, велиме ние едно задруго, прескакулица ни одат зборовите, ние сме сиромашни луѓе, печалбари, ебати небото и ебати господот, сичките сте од Македонија, сите, викаме, сичките, по зборот сте оттаму, вели, и моите родители се оттаму, ама вие немате пашапорти, верувајте ни, господине, ние сме селани и не знаеме да лажеме, јас ви верувам, ама другите не веруваат, вели офицерот, моли господине, велиме ние, прави еден голем манастир, тој ја фатил главата и со дланката ја потпира под брадата, се мисли, се двоуми, па потоа се враќа назад, ние чекаме, си шепотиме молби и молитви до господа, белки има господ, вели Стеван Докуз,
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)