Можеби поради муабетот со една раскажувачка, која всушност повеќе е преведувачка со блескава насмевка, затоа што, прво, замислете, не јаде благо кога ѝ нудите и, додека јас мислам дека е поради забите и каријасот, таа ми раскажува за холестеролот во крвта и препораките од „типот“, кој по дома ѝ е маж, а по надвор и доктор, како сѐ треба да се спушти на количество од една третина.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Луција стоеше во стројот и чекаше да ѝ дојде редот; јас со поглед го барав Земанек, го молев, го проколнував да му се случи нешто, да го удри инфаркт, да падне, гром да му отепа мува на челото, што и да му се случи, во краен случај да му се оди по надвор, само да замине и да ме постави мене на неговото место, како заменик, оти стројот брзо се движеше и Луција сѐ поблиску доаѓаше до него, до Земанек.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)