Секој ден тераше по двапати дрва, а обата пати носеше цели лопки горски цвеќиња: јаглички, петреви гаќи, вратика, коловер, матерка.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Ноќе им ги гледаме англиските куршуми: светат ко секавици и по двапати пукаат. Дум, дум.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тие се познаваат, се смешкаат, те шмекаат и по двапати го пропуштаат лифтот ѓоамити гледаат во мојот излог и чекаат да дигнам поглед од компјутерот за да ми се насмевнат.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)