по (предл.) - широк (прид.)

Добре ми дојде! — го поздрави мајка му, и како секоја мајка, го прегрна и силно го избакна по широкото бело лице.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ни глас да не слушна оти тргам — се провикна Толе и им нареди: — Сете напред во одајата, ако ви е мил животот! — искомандува и ги потера пред него по широкиот чардак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По широките, како флорини, светнати скали долго крцкаа чевлите на мажите и шушкаа копринените фустани на жените. Куќата натежна од свет...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Преку викенд обично јас и мојата сакана фаќаме магла и шетаме по егзотичната околина: Санта Барбара, Риверсајд, Лагуна Нигел... или безгрижно тулумариме по широкиот спектар од киносали, паркови или барови што оваа цивилизација го пружа.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Бев и до Охрид по широката калдрма од бел камен, сѐ крај езеро. Осум илјади чекори. Патот го поминавме за три часа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
А тогаш наведнат, со пушката преку рамо, во која останаа само уште два неубоити фишека, што ги изнајде на дното од пазуварката и ги стави за секој случај, преклонето зачекори надолу по широката трага, свесен дека го надмудрија, дека го исплашија, дека го маѓепсаа така, за веќе ни еднаш во скоро време ни да не помисли на лов на самјаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Уште во истиот ден тие го осигурија овој мост и за подобра сигурност да не премине непријателот преку река, од каде што му се даваше можност да се развие во борба по широките лаки и да победи, фатија та ги насекоа сите диреци на мостот на педа- две во водата, оставајќи ги одвај да се држат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Одев по широкиот двор на Дојчина, се провлековува меѓу многуте луѓе и ништо не разбирав.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
29 Тргнуваме по широката улица подготвена за асфалтирање.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)