Секое време е негово време.
Оглед за Силјан Штркот
Во преданијата влезе твојата слобода грешним
твоето патување, почетокот на преобразбата
копнежот по родното копно
долгоклуните земјаци
тајниот речник и
магијата на враќањето
на оној кој не е ни сам
ни единствен
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Тебе не те задоволуваат
патувања во позната насока
сакаш да кажеш носталгија
а да не биде типично:
татковинска болест, на пример
еротиката е носталгија по родниот крај
(и се раѓаш таму, и свршуваш)
со топло и сочно подножје
реагира на допир, роси
се распаметува, илегално и легално
јас не сум секогаш во јас-форма
јас е; ти сум; тој си...
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)