по (предл.) - крвав (прид.)

И навистина, по крвавиот опис за уништувањето на евразиската армија, со вчудовидувачки бројки за убиените и заробените, уследи соопштението дека, почнувајќи од идната недела, следувањето на чоколада ќе биде намалено од триесет грама на дваесет.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
По оваа молневито свршена работа, стариот погледна во врзаната Анѓа, го испушти крвавиот јатаган, ги рашири рацете за прегратка и се стрча кон неа, ја прегрна и почна да ја целива по крвавото лице.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Офна како од куршум пронижан и изусти длабоко потресен: — Ти ли си, Петре, брате? — и почна да го бакнува по крвавото лице на бацко му Петре, којшто се онесвести од силната возбуда што го најде брата си во крвавата борба со „непријателот", за кого веруваше дека загинал уште пред три години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, мој Пандо, нашинчето си дознавало што е и кој е, не од дебелите книги и од учените луѓе, ами од надгробните камења, од гробовите останати по карпи, од зарезите направени со кама или штик во стеблото на буката, дабот или борот, од нишаните што останале од нашето постоење во кое не битисавме и од времето што го броеја само по лошото, само по крвавите траги што ги оставал тој што доаѓал и си одел...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)