По тие групи имаше собирања во паркот каде што некој ќе се најдеше на договорената клупа да задрнка на гитара, кошкање парталава топка по длабокиот песок на дивата плажа, ненадејни прошетки со позајмен велосипед по насипот покрај реката од градот до предградието, непланирани потсвирнувања на другари во темница кога под прозорецот не очекуваш ништо друго освен мирис на босилек.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Јуфките лизгаа по длабоките чинии, а беа со убава жолта боја, направени од домашни јајца од кокошките што баба и дедо ги чуваа во големиот кокошарник.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)