по (предл.) - бел (прид.)

Тој си имаше своја сметка и си ја правеше вака: Толку крштења, по два черека бели, прават толку; толку венчања по половина лира, прават толку; толку умирања — по бела меџудија, прават толку.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Не може чорбаџи— пламна Толе внатре во тунелот, — ние пазариме по бела меџидиа и така ќе ни го платиш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А кутрата жена од Заечар тргнала по бел свет, заедно со малолетното дете, во потрага по мајката , која го напуштила детето штом се родило, па жената од Заечар го зела на чување.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Одеше по бело поплочениот коридор, со чувство дека оди под сончева светлина, со вооружен стражар покрај себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега тој затрепка по белите миризливи трендафили.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Им ја отвори прво вратата од тремот на говедата, па кога тие се спуштија кон поилото, оставајќи жолти траги по белата снежна патека, тој се качи во плевната и им спушти во јаслите од кошарата два снопа царевиње.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
После слушаше како и во таа ветрива ноќ почнуваат да се извишуваат до вишенебеси изострените писоци на волците по Белата Долина, и сега можеше да биде добро замислена сета изгубеност на гладните попусти завивања низ сета таа ветровитост.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислеше на тоа и на сите движења, што требаше да бидат сторени секавично, а сето време не престануваше да ја држи пушката насочена кон онаа карпа, постојано свесен дека неговата миризба, што се искончуваше по белото пространство пред него еднаш ќе се засуче како фитил и сега, или во следниот миг, таа ќе стаса да се вотне до задреманата свест на ситиот самјак.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа по бела кошула - од мајкини раце ткаена, од нејзини раце везена, со шарен појас - ѕуница на половината.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Вардарецот како нож... и крвав месец над градот што броди по бел облак растегнат како греда од Водно кон исток...
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се окарав уште кога го забележав слегувањето на Катерина по белите мермерни скали што веројатно водеа во некој друг свет, или во времето кое неколку месеци подоцна Загорка Пеперутката со голема сигурност го нарече друго време или така некако.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Катерина слегуваше спокојно и мирно. Скалите беа осветлени со факелите поредени покрај двата ѕида на кои се гледаа знаци што потсетуваа на оние во Египетските пирамиди.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зедов парче јаглен и повлеков неколку линии по белиот ѕид.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)