по (предл.) - формирање (имн.)

По формирањето на бугарската Егзархија во 1870 таа го презела лидерството во црковната и школската борба, не само во Бугарија туку и во Македонија и настојувала да ја попречи секоја самостојна активност на Македонците за независност.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во 1890 Бугарија добила дозвола за отворање на Митрополии во Скопската, Велешката и Охридската епархија како и во Неврокоп, Битола, Дебар и Струмица.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
По формирањето на Бугарија како зависно кнежевство, во 1878, таа ја презела целокупната иницијатива за ширење на големобугарската пропаганда во Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Нивните написи, по период од една и пол година, за првпат биле проткаени со оптимизмот дека воениот удар од 27 март 1941 година во Кралството Југославија ќе претставува пресвртница во војната, потенцирајќи дека југословенската војска, по формирањето на новата југословенска влада на генералот Душан Симовиќ, ќе може да му се спротивстави на можниот германски напад.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Меѓутоа, германскиот напад на Кралството Југославија на 6 април 1941 година го сменил расположението на американските новинари.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)