Понесливата тежина на градата ќе ја натераше да си ја поткрене дојката, подобро да ѝ ја почувствува тврдата тежина што ја потсетуваше на размесено надојдено тесто, толку многу си ја чувствуваше дојката што по сеќавање, во носот ќе ѝ замирисаше на топол леб.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Но, мухамеданските темници се толку темни
мразни и омразени
што и носталгијата ја губи смислата
Во нив на сонцето мислам само по сеќавање.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Мајка беше вистинската хероина на мојот ракопис поради која вредеше да се продолжи да се пишува, да се трага по сеќавањето, со сета имагинација, со имагинацијата на целото семејство...
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Натпреварот, како што гледате, продолжува, опуштањето и млитавоста се дозволени при вакво водство, а сетики не се земаат за големо зло и честите буричкања по сеќавањето како минатото да е сегашност и како спомените да се за најаска, а нам на Македонците, најголема најаска уште ни е меѓусебната пизма и само таа нѐ надживува сите нас.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Имам мистички визии и космички вибрации Ален Гинзберг Благословувам постојано Благословувам Сѐ што е околу мене. (Предметите Ми ги одбројуваат часовите Додека ги разместувам по сеќавање)
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
На многу ранети по сеќавање им остана сестра Слава, презимето не ѝ е познато.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)