Тетин ти Боге прикажуваше, не знам колку му држи тоа, оти нему многу работи не му држат, дека се случувало и долу, на фронтот на Црна, во времето на големата војна, трубите во исто време и кај двете војски да засвират починка па војниците од двата табора да го фрлат оружјето и облеката по грмушките и по рововите, едните од едната другите од другата страна на реката, и да се затрчаат кон водата, како во најголемите јуриши, кој прв ќе ја освои .
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Кога го снемува пукањето, со лаење се растчува по рововите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Гледајте, тогаш станав свесен дека некои луѓе грабаат пари додека некои други гинат по рововите.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Во аливцата од под трненката, во опинци на боса нога, без колан и пушка, на опашката од бригадата небаре водоносец по ровови - Баге го дочека ослободувањето на земјата и влезе во родниот град горд како на бел коњ.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Се случуваше, при селидбите, во воените времиња, кога одевме по рововите, да носиме книги место ќебе, перница или торба.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)