Неговиот спор настанува по промената на фабричкото раководство во 2006 година (предводено од Ј.Ќука), заради неколку последователно неисплатени плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Кога имаше организирано работнички штрајкови во „Охис“, Х.Џ. секогаш учествуваше и беше меѓу првите гласноговорници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Таа безначајна значајност на македонската политичка борба на културната сцена се состои во тоа што: 1. процедурите и настаните во таа борба ги заменуваат и потиснуваат достигнувањата на онаа автономна културна продукција што вака-така е создавана во времето на социјализмот; затоа што 2. замената на културното производство со културнополитичките дебати не е ништо друго туку оживување на идеолошката машинерија на општеството преку интелектуалците кои, по промените од 1989/90, пак ги заземаат оние истите двојни позиции на лојалисти и воедно критичари на власта, позиции што ги заземаше и некогашната интелигенција на просветлениот (СФР)Југословенски социјализам; и конечно 3. затоа што учесниците во актуелните внатремакедонски борби се заправо носители на една иста концепција за култура - а тоа е идејата за „висока култура“ со која се репрезентираат државата и нацијата. Margina #22 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)