Ненадејно, и со оној вид на жесток напор со кој човек ја врти главата по перницата во ноќните мори, Винстон успеа да ја префрли својата омраза од лицето на екранот врз темнокосата девојка зад него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Анастасија е на големиот прозорец на катот. Удира по перницата, да ја искорени нечистотијата, да ја сотре. А мислата ѝ шета наоколу.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
- Ах ние жените, зошто сме создадени волку слаби и беспомошни - шепотеше Анастасија додека удараше по перницата, иако, одамна ја беше извлекла од под навлаката и последната прашинка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Анастасија и понатаму стоеше на прозорецот и маваше по перницата.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)