До проширување на опсегот на здравствената контрола на 95  која мора да бидат подложни работниците дојде со изменувањето и дополнувањето на ЗБЗР од 19.02.2013 година, според кој здравствениот преглед на работниците опфаќа и анамнестички податоци, статус по системи и антропометрија, односно тука се мисли на проверка на телесната маса, телесната висина и индекс на телесна маса, основни лабораториски анализи и тоа седиментација, крвна слика во која проверка спаѓаат еритроцити, хемоглобин, хематокрит, леукоцити, гликемија, холестерол, триглицериди, урина, шеќер, протеини, билирубин, уробилиноген, седимет, испитување на функција на видот како што е острина на видот на далечина и во близина, аудиометрија, спирометрија, ЕКГ, како и радиофотографија на граден кош која контрола се спроведува само по одлука на лекарот. (чл. 1 од ЗИДЗБЗР/19.02.13)
               
             
           
            
            
              „Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
               од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски 
              (2015)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Никола Жутиќ, Оп. цит, 48.  33 Информацијата се однесува на формирањето „Бугарски централен акционен комитет за Македонија“, на чело со Стефан Стефанов и Васил Хаџи Кимов, во кој дојде до израз тенденцијата за формирање независна Македонија, по примерот на Независна Држава Хрватска.
               
             
           
            
            
              „Македонија низ нишанот на САД и Британија“
               од Тодор Чепреганов 
              (2012)
              
              
            
            
           
      
    
      
         
         
           
             
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
             
               
               
               
               
                  Непосредниот механизам на државниот удар бил покренат од Англичаните, по одлука на претседателот Винстон Черчил и Антони Идн, а сите замисли биле спроведени преку британскиот пратеник во Белград, Ричард Кембел.
               
             
           
            
            
              „Македонија низ нишанот на САД и Британија“
               од Тодор Чепреганов 
              (2012)