Снегот го штипкаше Илчо по обравчињата, му се пикаше во очите, му ја полнеше устата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
- Така од нешто, од ништо, им велам и ги пофаќам по косата, по обравчињата, а за Водата и за големата дупка во гумното не им кажувам.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Чекај го синко! - рече баба му, го лупна по обравчињата и го испрати в бавча да си игра.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
- Ми студи, мамо, ми вели устата мамина, многу ми студи, ми вели. Одам до неа, ја пофаќам по обравчињата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Навистина малку црнгалесто во суратот, со испрчени устиња, малку поедри заби, напред истурени, но младо како роса, Кожата по обравчињата му свети како со масло намачкана, црните очи некако на грозје личат, а косите ги пуштило над очи небарем сака да ги закрие од алчните погледи на присутните.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)