Кој ја сипе кој ја роси таја слана што покоси по нивјето пшениците по лозјето гроздовите?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
— Повели, Јоване, еден ракија. На сабајлево убаво ќе дојдит да поткрепиме малку душите, оти доста и прошетка направивме по нивјето, — го покани пак Адем Јована, а Катето им ги подаде полните чаши.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А по нивјето, ливадите и лозјата, во бавчата и градината, во дворот и во одаите - певливо, заносно, ѕвонливо, солзливо, таговито - се пренесуваше пеењето на Фимка.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- А не беше срамота шо не ловеа по ниви, по градиње, под прозорци, на армаси, на свадби, на пазар, на патишта и друмови и не срамотеа со тоа нивното рицинус и ренката?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ползеше и по нивјето додека мајка му работеше, гризеше тревки и растенија, гризеше земја и варовник, лижеше по камењата како овца по сол, обезбедувајќи си недостаток на калциум; го запознаваше животот околу себе фаќајќи и играјќи си со бубалки, црвчиња и секакви гадурии што му лазеа по рацете и нозете.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Надвор од градот на квечерината е нерешителна и збунета од искинатиот лет на црвеноглавите жолни со невозможно силен клун; сити се тие птици добротворки на дрвјата и без чувство се за голите козји черупки на литите страшила по нивите.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Сезонски, така тогаш се нарекуваше аргатлукот по нивите, работеше од окопување на коренот, кастрење ластари, врзување... до берба на грозјето.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Цел народ е излезен по нивите, во полето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Измитарената љубов помеѓу човекот- ѕвер и мечката- жена, според преданијата на селаните од тој крај, почнала во времето кога најугледните родилки од Кукулино се триеле голи една од друга со извици Роди, земјо, и голи се тркалале по нивите да роди земјата како што раѓале и тие.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Игуменијата исцибрела од сеќавања.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
А и со попот нешто се случувало: со млака 'рѓовита вода од преварен вртипоп си ги исплакнувал до вчера крвавите непца и учел нови молитви оставени во книга од некој покоен Јоаким Крчовски или од некој народен учител со слично име што и калем на овошка признава и длабочина на ораница советува.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Своерачно, со стрпливост на виден мајстор потонат во уживање, забуцал по нивите неколку страшила од партали и ланска слама.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Мојот збор е тврда вилица на времето што ’рти по нивјето со заби на семето.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)
Цела година го носи гунчето наопаку, береше китки по нивјето и гората и му ги даваше на комшичето Стојана кое им беше врсниче.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Пасквелчаните ја испразниле долината, бргу - набргу, распродавајќи го својот имот, оставајќи зад себе натписи - таблички по нивите што не стасале да ги отуѓат.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
А од полето дотекуваа разни бои, се разлеваа по нивите и по ливадите, се искачуваа по стеблата, заседнуваа на нови височини.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)