И со насмевка што им била својствена само на најблагородните левантински филозофи што во своите мисли го ставале човекот над верите и над расите, бавно, со свиркање на воздухот од неговите гради помеѓу секој збор, објаснувал дека ниедна болештина не е посилна од возвишеноста на духот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Дали ќе беше тоа татко ѝ на Калија, самарџијата Димо, дали попот Ставре, дали пак еден стуткан туѓинец, Унгарецот Миклош, кој по несреќа попадна во Скопје и кој, сличен во судбината со Бошко, Калија ја сметаше за единственото невино суштество во оваа превара со војни, освојувања и робење.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Најверојатно познавал секакви пијачки и напивки со кои се пречистувала крвта и секако по несреќа залутал меѓу шуплоглав свет што не можел да сфати дека по такви екими каков што е тој копнееле далечни калифи и нешто поблиски везири.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)