по (предл.) - небо (имн.)

Кога веќе убаво се распознаваше птицата - таа ги рашири крилјата, запавта, се подисправи, откликна и полето заедно со каменот: мал остров пловеше по небото - птицата сонуваше да ја превозмогне смртта - каменот копнееше да го допре својот ѕвезден корен...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Ќе прелетаат тие некаде над селото, по небото кое зачадените оџаци го потпираат со високи столбови синкав чад, ќе го чуе и старо и младо, па ќе почнат оние познати разговори за некогашните зими, за случките во тие зими, а децата разгртаа двојни уши и слушаа, слушаа, сонувајќи го снегот што беше во разговорите на возрасните, во крикот на жеравите и во мирисот на студениот воздух.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Исус Христос е со црвени чорапи и бледо лице И сега самик шета по небото и размислува Како се случи да остане бездетен Кога веќе знае дека Не умира само оној што ќе роди И проклет нека е оној Што цел век нешто прета А ништо за иднина не ќе запрета.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Одвај павташе со крилјата, се влечкаше по небеса. Доаѓаше некаде од дамнините и којзнае по колку века Одново ќе грачи во својот дом.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Кога вака ќе се стрелнеше ѕвезда по небото баба му велеше дека умира некој човек.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе те прошетам малку по небото, - рече Месечината и го растегна своето лице во пријателска насмевка.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе се прошетаме малу по небото и ќе ти мине тагата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јавнати врз Месечината, по небото јаздеа двајца патници од земјата, куклата со сините очи и малото гумено мече.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога ги сложи сите делчиња од затворачот, и кога го остави настрана сето тоа, зглобено и спремно, погледна низ прозорецот и таму изнајде една вредра, месечева ноќ, во која како црни сенки, продолжуваа да се развласуваат по небото топлите јужни облаци.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
18. САМАТА Е КИТКА, А КИТКАТА ЈА САКА - убавината не е збор ни дно ни врв да нема, по мориња плови, по небото лета така, а тука, на земјава, гробот ѝ се спрема...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
„И кога првиот ангел затруби со трубата, се крена голем оган и падна на земјата: третина од земјата изгоре; кога вториот ангел затруби, пламен падна врз морето и третина од морето се испари; кога третиот ангел затруби, голема ѕвезда се откина од небото: името ѝ беше Пелин и третина од водата стана пелин и многу луѓе изумреа; кога четвртиот ангел затруби, третина од сонцето, третина од месечината, и третина од ѕвездите, потемна, згасна; и видов еден од ангелите каде што лета по небото и чув каде што вика со глас голем: тешко, тешко, тешко на оние што живеат на земјата; кога петтиот ангел затруби, падна пак голема ѕвезда од небото и се отвори бездна на земјата од која се крена голем чад што го потемни и сонцето и небото...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Надвор беше студено и месечината светеше. По небото пловеа облаци.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Велат: Тука немејте, тихувајте, Ништо не зборувајте, Ништо не велите Тука само сонувајте По небо молку патувајте- Тука летаат и пеат Ангелите. Штип, црквата „Успение на Пресвета Богородица“, одамна
„Сонети“ од Михаил Ренџов (1987)
Едно румено и шушкаво небо е под моите прсти и сепак не сум ни виножито ни облак да копнеам по небо.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
По небото се носеше нивното жално и пискливо: Гра-гру! Гра-гру!
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Е, а сега, од Загреб, пилотот ѝ напишал долго писмо, со безброј чуденки и други знаци, со многу грди самообвинувања но и со дефинитивна одлука дека не треба да чувствува никаква обврска кон него, како што и тој себе си сега се сметал за слободен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зар по цел ден со очите ќе шарам по небото и со денови ќе чекам да се вратиш? Да плачеш и да не запираш!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
8. Ѕвездочетец се врати од далечно патување по небото И според ѕвездите претскажа Дека уште многу години и уште многу пат ќе траат скитањата.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Сега глетката се појавува во тридемензионална форма и за да се види потребни се специјални очила (техниката инаку успешно е испробана во кино-салите).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нови техники на огласување SKYWRITING Станува збор за една од тнр. „out of home“ техники на огласување.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Се состои во тоа со помош на специјални прожектори, среде бел ден, па и на најголемо сонце, по небото да се испишуваат пропагандни пораки со букви големи 400 метри!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Месечината одмина дел од својот пат по небото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со фалење може пилотот брз Џон да шета по небо ортомисан слон.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Завревија многумина. некој нешто извикуваа, по улицата под куќата потекоа коли што се растропаа по камењето како Свети Илија по небото да оди.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Надвор Свети Илија се растрчува со своите огнени кочии по небото веројатно со намера неговите секавици да го разбркат црнилото од нејзиното срце и да ја истуркаат сета болка од незиното згрчено срце!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Господе, си велам, сите велосипедисти се возат по небото, сирени и ѕвончиња ни се оѕвиваат во ушиве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се зададат од некаде, ко јато чавки ќе се зададат, и ќе почнат да прават свијоци по небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Зошто? - Затоа што не беа измислени. Не беа направени. Тогаш само птиците летаа по небото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)