по (предл.) - наредба (имн.)

Тоа го правел по наредба на Германците, бидејќи розовото масло многу им конкурирало на германските вештачки мириси на светскиот пазар.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По наредба на пашата: агите и беговите, кои вилнееја овде и им го загорчуваа и правеа неподнослив поминокот - не можејќи повеќе да живеат без зулуми, ги напуштаа своите кули и се иселуваа во други краишта.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Го повикал валијата кадијата и му вели: лекарот ќе го ставиш да биде писар, писарот судија, судијата лекар, а ајвандокторот учител.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По пет години, младите луѓе се вратиле од студиите во Франција и по наредба на Султанот одат кај валијата да им најде работа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
По наредба на пијаниот свекор и полузаспаната Анѓа, младенците останаа да гувеат до зори.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како по наредба, ми дадоа куп подароци: мали фигури, статуети, безброј значки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Бидејќи во договорот за закуп не е предвидено извршување на угостителски активности во просторот каде што се наоѓаше Клуб- кафеаната, Митревски и уште деветмина работници кои работеа во таа кафеана, во мај 2006, по наредба на новиот работодавач се префрлени на извршување на работни задачи во битолскиот хотел „Епинал“, и тоа не како угостителски работници, туку како културни работници (работна позиција според новите договори за работа).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На тој начин НУЦК би се ослободил од вработените после укинувањето на угостителската дејност, изигрувајќи ја обврската да ги задржи и/ или прераспредели на други работни позиции.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Како што е познато, тоа убиство било извршено по наредба на Борис Сарафов и предизвикало значителен одглас во Европа, а Бугарија и Романија ги довело до работ на оружен конфликт.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тоа што џамијата почна да се гради забрзано по наредба на валијата, тоа само можеше да го затскрие планот на ибн Пајко.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Покрај него стоеа уште тројца службеници на општината, сите со црни чадори во рацете, а нешто потаму и настојникот на митрополијата и неколку свештеници со развеани бради и раса, и камилавки кои како по наредба ги придржуваа на главите секогаш кога ветрот ќе дувнеше позасилено и ќе однесеше нов навев на солен воздух кон главниот град на Закинтос.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тие расштимани звуци навидум внесуваа живост во депресивната атмосфера од третата окупациска зима на островот.  Лука Карер шеташе вдолж молот и досадувајќи се, со врвот на големиот црн чадор со дрвена дршка, ги допираше металните бочи на пристаништето.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не одрекувај, му велам, ти си го стрелал по наредба.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не минаа ни три дни, а недостигот од козјо млеко беше очигледен: образите на децата веќе беа бледи зашто млекото од козите беше главната, ако не единствената храна на многу семејства во Козар маало, во градот, насекаде во пасивната сиромашна јужна република, која мораше веднаш, небаре по наредба да доживее брз индустриски развој.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)