по (предл.) - муцка (имн.)

И замисли таа да те бие по муцка, да ти пцуе мајка, сестра и жена и сите светии...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тој ги жулкаше по главата, по муцката и ги водеше в село враќајќи им ги на нивните стопани.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сончевите зраци се пробиваа низ високите дрвја правејќи светли завеси од утринските испарувања на влажната земја, ширејќи мирис на печурки и папрат; разнобојните лисја на дрвјата се преливаа на светлината добивајќи прекрасна патина, претсмртна боја; клукајдрвците удираа по дрвјата и огласуваа немир; немир владееше и во кучињата: напињаа на ремениците со кои ги водеа манастирските слуги, душкаа по земјата и бараа да се ослободат, да оптрчуваат; повремено ќе заквичеа но слугите ги смируваа жулкајќи ги по главите, или удирајќи ги по муцките.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И си реков: зошто не го удрив оној ден со бокс по муцката Фисот, кога ме исмејуваше читајќи мои стихови?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Доста, - нежно ја плесна Бојан по муцката, па и таа отстапи чекор, два и со крената глава го гледаше со своите умни, жолтеникави очи својот млад господар, очекувајќи ја неговата повторна покана за игра.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Те креваат за коса, а те седнуваат удирајќи те по муцката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И дадов една по муцка и ја легнав.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Претседателот, сиот блед и изгубен во вратата, поцеден по муцката од маста од пржените јајца, што ги поручуваше, со касајот в уста, да го акнеш со тој чекич, истапен по камењата, што ги кршеше со него во ѕидањето и сиот бел од исушен малтер, ех, зошто не го стори тоа, зошто...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И ако те опнам по муцка нема да те спасат ни Русите. АНДРЕЈА: Остави ги Русите на мира.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Погледни го пријателон, покажал со очи Онисифор Проказник кон постариот тревар. - Поцрнува. Или се лажам, а?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Кога судбината ќе се обиде да ти го скрши вратот, тресни ја по муцка, со тврд глас рекол Пандил Димулев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На нозе сите, и секоја да ѝ удри по една тупаница по муцки и да ѝ плукне в лице. – Ха, ха, ха, ха! – почнаа да се смеат сите кадани, очигледно задоволни што не им го презеде младата ѓаурка добриот кадија.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Се исплашил овој та веднаш со ластегарка по муцката исклештена.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Но гледај: зад ќошето од кошарата некој од ненадеж му се фрли зад грбот, го стисна за вратот, а друг му ја грабна пушката и го тресна по муцката. Полјакот згасна. Потаму - што стана, господ би знаел!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога ќе зацимолеше, Винко ќе го клоцнеше со ногата по муцката и ќе го смиреше.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Ама кој како ќе му се доближи на Дука Вендија, овој - пам по муцка и ќе го кутне во ендекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си беше еден човек и си садеше грав, пиперки и босилек, сееше ’рж и јачмен, ораше, влачеше, едниот вол му бегаше од браздата, и волот го тепаше по муцка, му пушташе крв од муцката на волот, и после муцката му ја држеше в раце и го милуваше.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)