по (предл.) - луѓе (имн.)

Таман дваесет — дваесет и една вдовска свадба, ако не фати, шо свадба е таа, што домаќин е тој што ја прави?, Се растрчаа Илко и Трајко по луѓе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Костадин Дамчески и Максим Акиноски се загледуваат по луѓето, но никој од нив не вели дека има потреба в сабота да замине в град за да купува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Младата жена се поткрева на прсти, мине со погледот по луѓето внатре. Тука се!
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сенките тогаш безволно се влечеа по луѓето, се тегнеа или се грчеа на калдрмата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Свикал по луѓето од гробишатата, се собрал народ.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Освен тоа, тој беше нешто како сараф – даваше по луѓето пари на заем, како што сега банките даваат кредит за малото стопанство како што го викаат, на кесим, како што се вели по турски и со убав интерес така што тоа, исто така, му помогна да се збогати. Србите нив ги викаа зеленаши.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Си го пече Полин лицето на сонцето, а луѓето му брмчат оздола како оси: „Полине, метлата на Аранѓел фати по луѓето...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А јас, видете: ќе ми пукне мевот од чоколади: ми даваше кметот и оној офицер што некни врескаше по луѓето ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ќе попрашувам по луѓето, велам, ќе попрашувам по пазарите, по анџиите. ״Најтешко ни е нешто да почнеме“, велеше Лазор Ночески, ״а многу полесно да го завршиме“ , му велам и влегувам во една од собите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И пак викаше по луѓето за помош; во ушите ѝ се враќаше само шумењето на дождот. Кога се исцеди небото, дождот запре.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)