по (предл.) - ледина (имн.)

Почнаа да се превалкуваат едно преку друго по ледината удирајќи се каде да стигнат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еј, јуначка луда, крв црвена, рујна, ти не ли се жалиш што вака се сипеш по ледини ридски, по тревата бујна?
„Локвата и Вињари“ од Лазар Поп Трајков (1903)
Сите брзнавме во смеа. Почнавме да ги собираме шишињата и конзервите расфрлани и раздробени по ледината.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сепак, тој беше тука, тапкаше по ледината застрашен од помислата да не го видат. Беда на крајот од бездната!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А неговите деца трчаа по ледините и низ фармите, го испуштаа конецот во небо, викајќи и сопнувајќи се, додека Брунила стоеше назад во дворот, мавташе и се смееше, гледајќи што се случува.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)