по (предл.) - коњ (имн.)

- Синко, знаеш ли дека сме во обрач од Германци, да бегаме, трчај колку можеш по коњите...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Вратата од дворот се отвори со шкрипеж, а потоа се зачуја коњски копита што тропаа по калдрмата; се покажа коњ на чиј што самар беше изизврзан човек префрлен како вреќа, а по коњот одеа две жени и калуѓерот што им ја отвори врата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Марко ја беше впрегнал арабата, Бошко фрсна по коњот и тој ден каруцата летна, првин до Матка, на едниот крај од полето, а потем и до манастирот Свети Димитрија во Сушица.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Санкарот шврка по коњите и само камшикот и прапорците се одглас што се слуша.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И јас ќе се држам за опашката и ќе паткам по коњот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
11 Мотив: рана пролет: Брегот на Профим зазеленет; неколку јаболкници и праски избрзале, порано расцутеле, се преливаат во алови и бели бои; по падините на брегот излетале и првите жолти цветчиња расфрлени како распукани жолчки; белее куќата на Профим, која е скоро варосана, а покривот црвенее како тукушто пресечено месо; по брегот пасат неколку овци, кои, чиниш, не се движат, небаре стојат во излог за детски играчки; еден коњ слегува по патеката со крената опашка како да лебди во воздухот; две шареникави добичиња, крава и вол, со издолжени вратови брстаат по зеленилото спуштено ниско и се допираат, се чешкаат со колковите; по коњот оди човек (веројатно Профим) со лимена кофа в рака; на кофата е паднато сонцето и облеснува; нишајќи ја кофата, човекот како да сака да го брецне сонцето; друг некој (веројатно Скрче) се шета низ бавчата, оди од стебло на стебло и ја потпира главата на нив, како да ги гризе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Ако си спомнувате, малку пред Амстронг да зачекори врз фантазијата на поетите, студентите го тресеа цел свет – од Беркли до Берлин и Париз, та дури и до Белград и Скопје (кај сите Турци таму и малиот Асан, шашардисан како онаа жабата што кинисала по коњот да се потковува).
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Оти зад војничките коњи секогаш чекаат пилишта. Цели јата пилишта одат по коњите и по плениците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)