Само сепак... Младоста си ја истури тој по кафеаните и уште не видел и не видел да го вика некој трубачот, од трубачот да бара нешто.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се удави во пиењето и во бдеењето во бескрајните ноќи по кафеаните, каде што можеше секој да го навреди, да се подбива со него. Така долги години.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како што спомнавме, динамитните бомби што гемиџиите ги фрлале по кафеаните биле направени со долг фитил, за да им се даде можност на гостите благовремено да го напуштат локалот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Така мора да биде за да не оди по кафераните во Луксембург, каде што за едно лизнување на некаков алкохол се плаќа колку за едно кило ракија кај нас.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Со неа го бараме и по кафеаните.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)