Ако терминот „пердуви“ го претворам во идиомот „се кити со пердув“ и го објаснам како фалбаџиство или купување по инерција, добивам „прекрасен“ резултат. Неточен.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
ЈАКОВ: Ѕидот во вашата глава. Одбивам да сум жив по инерција, да дишам на шкрги.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Не би рекол дека сето тоа беше само по инерција.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Сашка ги стегна градите: дискретно, здржано се поклони. По навика, по инерција, - механички.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Излеговме од претседателската палата. Бешир по инерција појде кон амбасадата по магистралниот пат.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)