Таа го гледаше својот сопруг како задоцнет балкански Дон Кихот, на кој му се придружил и Татко, или обратно, како со нивните книги, најдени помеѓу Западот и Истокот, со нивните проекти, кои можеа да се сметаат и како утописки според можностите во времето во кое живееја, тие како залудно трагаат по излезот од варварството и идеологијата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Но крајниот сон на Климент Камилски беше да создаде библиотека со ѕидови од книги, како отворени граници кон бескрајот, во потрага по излез од балканскиот лавиринт.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Мајка во есента на 1940 година ги води своите деца во еден ров за време грчко–италијанската војна во Поградец во потрага по излез, спас.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И козите и луѓето се вознемирени и се во потрага по излез.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа жолта светлина остана засекогаш во нас, како светлина над книгите, во потрага по излез кога ни беше тешко во животот...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Игор Лозински сакаше да ја заврши својата голема исповед, пред своите балкански пријатели, да ги каже своите големи тајни за егзистенцијата на ова Езеро и на луѓето околу него, да му го пренесе на Цветана Горски својот морален тестамент, надежта на продолжувањето на неговото дело и вистина, а на Татко да му ја открие пошироката смисла на натамошното следење на патот на јагулите во потрага по излез од својот егзил.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во овој син воден густеж започнуваше, според сите таткови претпоставки, големиот пат на јагулите и кој требаше да го следи семејството во потрага по излез од Балканот.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Ова беше доволно Татко да не ја напушти идејата и понатаму да трага по излез следејќи го патот на јагулите низ родната земја.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во потрага по излез од балканскиот ќорсокак настојуваше првин да изолира, а потем да генерализира, низ парадигматични идеи, едно искуство од империите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Во ритамот на некои народни ора се крие ритамот на минувањата на границата, со бавни, тешки чекори, а другпат, низ полифониската песна, гласовите трагаат по излез и по хармонија во лавиринтот на границите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)