Меѓутоа, непосредно по заминувањето кога групата пристигнала на територијата на Албанија се соочила со ситуација во која меѓу себе се бореле балистите од територијата на Албанија и единиците на НОВ и ПО на Македонија.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Сепак по заминувањето на турците и покрај сѐ, мораше да се направи нешто слично на свадба.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Тешко некој сега да можеше да го препознае: по заминувањето на семејството, лицето потполно му беше променето, стекнувајќи морничав, формиран неземски израз.
Маргина 37 75
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Наскоро стекна глупава навика да шета по градот, дури и наутро. Маргина 37 75
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И самиот во еден момент беше рекол: Празнината што се отвора по заминувањето не ја пополнуваат зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Доаѓања и заминувања на блиските и саканите. Особено заминувања. Од тоа се состоеше животот на Х. И малку солзи. Секогаш ги имаше по заминувањата.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Секое утро по заминувањето на Рајнер одев до улицата Шонлатерн, тропнував на вратата од неговиот виенски дом, но немаше кој да ми отвори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Долгата линија на надежта при исчекувањето ја испресекуваше стравот кој ме будеше секое утро, стравот кој не спиеше и ме мачеше и во сонот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)