Дента кога Трајан отиде да го види Висара, татко му од Висар не беше дома; го најде Висара кај што гледа низ прозорецот со насолзени очи; Трајана го обзеде жал и го грабна Висара за раце: Ајде со мене, му рече, ајде да прошетаме по езерото.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Ни рибарот Бакал што пристигна пред малку во анот, да јави дека е готов чунот со ќошкот, ни тој не знаеше кого ќе шета денес по езерото.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Кога Трајан го крена и го гушна, Маруш му рече: „Ете, внучко Трајане, го нема веќе Висара... Го нема веќе да го земаш и да го шеташ по езерото...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Луѓето од Езерец уште од зори се приготвуваа да одат во манастирот, да му запалат свеќа на светецот, да му се помолат и да купат нешто на панаѓурот; во селото врвулица: излегуваа луѓето од куќите, се меткаа по дворовите, се собираа и тргнуваа; секој носеше по некој дар за манастирот: овца, коза, теле; тие што немаа добиток, плачки: кошула, риза, чорапи, бовча, шамија; рикаше добитокот по патот, луѓето се довикуваа, се причекуваа да одат заедно; помладите одеа пеш, а постарите и децата качени на коњи или магариња; некои одеа со чунови по езерото во кои имаа изнаредено плачки за спиење и храна - сето личеше на некоја преселба, збег.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Рибарите шетаа со чуновите по езерото и не можеа да се изначудат и да им поверуваат на своите очи дека селото го нема.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Кога Маруш разбра дека Трајан го извадил Висара од собата и го шетал по езерото, ќе збеснеше од лутина.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Сега му удрил умот да прави чун. Длабел некое дрво за рибарење по езерото.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)