Преку ден сонцето блескаше по врвовите на костењето и фрлаше шарена сенка под стеблаците.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Кога одев да ја посетам Сара, сѐ почесто ја наоѓав во пеперуткарникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Понекогаш, кога ќе се сетев како ме поздравуваше пред да се појави Марта Бернајс, минувајќи со врвот на својот показалец прво по моето чело, па по врвот на мојот нос, па по моите усни, го кревав показалецот нагоре, како да покажувам кон небото, а потоа си минував со него по челото, по врвот на носот, по усните. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Миграции
Наведнати за да ја допреме
со рацете, со очите, со думата
тонеме во безсознание
сѐ додека не се привикнеме на агонијата
лепливо индиго на амнезијата
нечитлив препис
акутна миоптија
мултиплицирани глетки
сѐ додека не почнеме да наѕираме
тихи обриси
да насетуваме смисла
а таа, пес бездомник
куче скитник
шуткана натаму-наваму
зависно од традицијата
од стомакот во гушата, во душникот
аурата, срцето
долж стопалата
по врвовите на прстите,
ко подноктица
сателитска антена
inter-link, inter-face
нешто невидливо нечујно
светликаво мрачно
мазно бодликаво
нешто кое држи до себе и до слободата
за да може да влегува и да излегува
кога ќе посака, да лунѕа
севезден
ни таму-ни ваму
разбиена идеално
дома, не-дома
таа, а не-таа
своја, а не-своја
секогаш кога ќе се разместат фигурите
ќе се затнат вентилите
огништето се згаснува
наидува поларен студ
- 51° Целзиусов
пука филмот
прскаат шавовите
напукнуваат ѕидовите
се прецртуваат границите
се митари митот!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сивилото, со кое денот полека поминува во ноќ, уште не паднало по врвовите на дрвјата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Ја бакнувам по врвот на носот: - Не се сите фатаморгани. - Да! Да! – се отрга и скока врз каучот.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)