Го носи истото капче од кучешка кожа, а имитирајќи ја газдарицата Хера, стави и елече од кучешка кожа, обу и чизми и внатре забоде камшик со кој плуска кога го дресира или кога сака да го смири, да му оди по волја.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Не ми беше по волја, се лутев, а тој рече дека мора да оди со „газдата“ на Зајачки Рид, оти овој му ветил дека дента, на крајот од тренингот, ќе му дозволи да се повози малку со неговиот мотоцикл.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дали затоа што сакаше баш така, да ги види пеплосани, и рисјани и Турци на едно место, знаејќи дека никому не му прави по волја, иако тоа никој не ќе го каже?
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Не му беше сосем по волја на Бојан ова рано излегување, му се спиеше, но не можеше да му противречи на чесниот старец, а и знаеше што значи за целото негово семејство загубата на едно теле.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Иако не можам да одречам дека околу секој збор што ни открива и најмала непријатност сврзана со некој поединец кој не ни е по волја, се лелее некоја прозрачна леснотија.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
По волја ли ќе е една мала балерина за вашето тоалетно масиче? Заради расположение. Три динари, повелете.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Оној кој им беше водство и утеха во овие четириесет години талкање, оној што го изведе нивното избавувањето од египетското ропство, оној што имаше од бога пренесена моќ, само со допир од својот пастирски стап да ја окрвави цела, големата река Нил; оној што на моќниот фараонски Египет му донесе божји казни и несреќи, тој што по волјата божја го отвори длабокото море и на неговото дно направи пат за безбеден премин за својот народ, првиот патријарх на јудејското племе, оној од кој почнува бележењето во светите книги, тој што во деновите на талкање и глад се помоли за спас и го нарани избраниот народ според божјата благодат со мана, чудесна храна што бог ја истури од небото и, на крајот, оној што го доведе својот народ до ветената земја, а самиот не дочека да стапи во неа.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Запреа пред шепите на исправената мечка на која, секако, не ѝ беше по волја некоја да ѝ се натрапува во територијата.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Билјана ги гледаше и се мрштеше. Нешто не ѝ беше по волја.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)