Коле со прстите жулеше по браздите од клупата и молчеше.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Паѓаат во нивите, по браздите, ја кршат пченката, ластарите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Вечерта, како што си вечерале дома, му текнало на Велка за штркот како одел по бразда и како го удрил дедо му со остенот.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Оди по бразда, чини, и збира Силјан црви и бидејќи многу чекореше, дошол близу зад татка си.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Поораа уште малку и бидејќи Силјан си одел по браздите сѐ близу, си зобал црвјето, чунки му се сладило, и му се чинеше оти татко му го милува, без да му текне оти е штрк во тој саат.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Угарта црнее, воловите бегаат по бразда, небарем штрколот ги брка, а тој едвај се гледа по нив.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Родени се за секакви игри: може да се игра и „прескакулица“ и „јавана“ и „солно-месо“, а и девојчињата да трчаат по браздите по цвеќиња или да се бркаат врескајќи како некој да ги дави или да им фучи со коприва по нозете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)