И кој што ќе фати, вели, срце, корупка, рендаат, вели, а вода и семенки им капат по брадите, по градите.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Солзите ми течеа по брадата, цела бев уплакана и истоштена од грижи.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Изгледаше восхитен од она што го чу, си тури сам вино од винарката, се напи и пак помина со раката по брадата за да ги собере светлите црвени капки по неа. - Ха! - направи пак.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Беше почеток на октомври, утрото студеникаво, некаков проѕирен сињак ми се нафаќаше по брадата и мустаќите.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)