по (предл.) - алишта (имн.)

По алиштата — бели бечви со црни гајтани, јакучки, со дебели сакми и јанински опинци, а особено кога го видоа белиот коњ, лесно ги препознаа нашите комити.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тупотам со пиралката по алиштата, мавам со сета сила, а од мене, чувствувам, истечува некоја лутина, некоја болка, срцето се бистри.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од нервоза му трепереше лајцата во раката и често се капеше по алиштата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)