И сите му тапосаа на кадијата и кајмакамот кој по десет, кој по дваесет лири; некои по педесет, меѓу кои и Јован за Толета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Во пролетта во 1870-та Максим Акиноски и Костадин Дамчески правеа список кој од сојовите колку ќе даде пари за ѕидање на општината и на училиштето, а Никола Анѓелов Јанчески даде рамно 100 лири, по педесет за општината и за училиштето.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јадеме по педесет грама мерен црн леб и скоро секој ден за ручек и вечера булумач - избурбатено брашно со топла вода.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
„Каде ли се Иван, Циле и Горѓи што ги нема да се јават? — се прашаа во себе Тодор, Петре и сите живи четници, не можејќи да ги слушнат грмежите од пушките и бомбите од Ливада, каде и нив Бахтијар ги нападна, но благодарение на честата гора овие лесно се префрлија на Ленишко, кое не беше опседнато, та над самото селце го заметнаа трагот и удрија кон југ, заблудувајќи го аскерот со сражението на Лигураса.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Аскерот се насобра по педесет души на еден четник и нарипа живи да ги фаќа, но овие се држеа зад стените и Турците секое нарипување го плаќаа со по еден два убиени другари и пак залегнуваа и тие зад своите метеризи.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)