Кога таа вечер си одеше накај дома по градските улици кои бликаа со живост, како на само десет километри оттука да беше Лас Вегас, а не фронтот, очите му беа насолзени – што од студеното ветре што доаѓаше некаде откај планините, што од чувството дека сите што ги знаел и во кои верувал некаде заминале, та останал само тој, сосема сам на некое непознато место, опкружен со туѓинци со кои никако не може да се разбере.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Низ отворените прозорци откај планината вееше свеж и мирислив здив.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Сите извори откај планината властите, или некој од властите, му ги дале на некој бизнисмен што изградил рибник на главниот пат, блиску под Дарван.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)