Сам ќе се пофалам: е патриот сум ти бре, кир Николаќи, не ја дадов на друг освен тебе што идеш во партијата моја.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
„Кому јас можам, освен тебе, драга Агна, да му го соопштам моето расположение, восхитот од големата градба“, ѝ пишував на жена ми, а всушност во себе ги читав оние незапирни редови, што веќе беше ги напишал некој друг, во отворената книга крај мене, незапирни редови, од десно на лево, од работ на една до друга провалија, редови во долги низи кои се како обвинување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Во Пансионот на видно место стоеја и Правилата за однесување со кучињата во кои пишуваше: „На секое куче треба да му се почитува правото на природен живот; не смее да се злоставува и да му се нанесуваат физички и психички болки; секое куче има право на заштита и нега; треба да се сака такво какво што е, зашто тоа не е во состојба да бира сопственик, а сопственикот го бира него; ако не чини, треба да му се помогне да се поправи, а не да стане жртва на лошото однесување и изживување; не треба нетрпение и брзање веднаш да се научи на сѐ, ами треба да му се даде време да сфати што се бара од него; не треба без причина да се разлутува или казнува, зашто и тоа може да изненади, да врати; првиот удар тоа го простува, зашто мисли дека е случајно удрено, по грешка, но ако по втор пат го удриш, сфаќа дека е намерно и тогаш ударот ти го враќа со уште поголема мера и те замразува со сета своја душа; тоа најчесто е само и нема никого освен тебе: разговарај почесто со него и самиот ќе се изненадиш како те разбра; љубовта со љубов ти ја враќа; и тоа, како и човекот, има своја судбина: не придонесувај да му е тешка; ако остари, ослепи или оглуви, ако стане неподвижно и остане без заби помисли дека тоа може и тебе да ти се случи, зашто староста е иста за сите; не однесувај се кон него како кон некој обичен предмет, зашто кога ќе го изгубиш, ќе видиш колку е жално; испрати го на неговиот последен пат и размисли дека секоја смрт, било таа и на животно, е загуба за сите: еден живот помалку на земјата”.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Борхес прераскажува запис од Исток според кој во пустинитена Индија растеле црвени ружи и врз листенцата со златна боја било запишано: нема друг бог освен тебе...
„Ненасловена“
од Анте Поповски
(1988)
Се изгасна родот, а друго освен тебе дете немам, не остана надеж.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И сѐ ќе беше убаво ако едното од нив, без некоја зла намера, не му речеше на другото: - Насекаде гледам, само на страната каде си ти, освен тебе, ништо друго не гледам.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Така, шетајќи низ мојата архајска епоха и допирајќи го твоето и единствено сонливо и тркалезно зборче јас имам чувство дека моиве прсти ништо друго освен тебе не паметат...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)