Ја пикна во устата и јадеше цел грст, а во неговите очи не стоеше сега ништо друго освен таа лакомост, додека грутките земја се стркалуваа низ гробот и удираа, одекнувајќи тупо во чамовите штици на сандакот.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Никого не обвинува, ни Господ што ја зеде толку млада, ни татко кој веројатно можеше повеќе да стори освен таа една доза пеницилин од Америка, а не верувам ни мене дека ме обвинува од што немав доволно време за повеќе да ѝ се посветам.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)