околу (предл.) - сонце (имн.)

Минале векови, и станало јасно дека не се врти сонцето околу земјата, туку земјата околу сонцето, за природните појави се барале дефиниции, а сепак и натаму божјите посредници ги прогласувале лудите за опседнати од ѓаволот, и спроведувајќи ја божјата воља одлучувале дали опседнатите ќе бидат лечени со молитви, или пратени на аџилак за да ги исцели светото место, или пак, ако проценеле дека станува збор не за опседнатост туку за доброволен сојуз со ѓаволот, казната била палење на клада, или бесење, или давење во вода.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Луѓето отидоа во вселената, јас пред вас, со главата во торба, морам да докажувам дека земјата се врти околу сонцето.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Постојат знаења кои не се знаења Земјата кружи околу Сонцето (а не обратно!) Спорот одамна е решен но оската сѐ уште е замислена Денот на љубовта е празник на календарот но празникот е работен ден за просјаците (во дланките им спијат неостварени соништа и сеќавања на допири со украдени сладоледи) * Запис со непознато потекло
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)