околу (предл.) - манастир (имн.)

Луѓето како што пристигнуваат, така фаќаат место во бавчите, на островцето каде што истечуваат изворите, крај брегот на езерото, по дворовите, спростираат ќилимчиња, веленца и седнуваат да се одморат, да јадат; како што надоаѓаат луѓето од околните и подалечните места, така сѐ повеќе се полни просторот околу манастирот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
КИРО: Треба да се внимава на Велков, Бугаринот. Има некакви планови околу манастирот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Се изградиле нови конаци, чардаци, воденици, амбари за жито, казани за печење ракија, фурни за печење леб за манастирските монаси и многубројните измеќари, гости и сиромаси кои секојдневно доаѓале во манастирот и на кои бесплатно им се давало јадење; околу манастирот се изградиле и посебни конаци на богати верници христијани и муслимани кои повремено доаѓале во манастирот или останувале на панаѓурите кои се правеле кога славел манастирот и кои траеле по неколку дена; засадени биле нови лозја, а се зголемил добитокот со нови грла: овци, телиња, коњи, крави, волови, скопаци.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)