околу (предл.) - врат (имн.)

Кога му се доближи, тој забележа дека десната рака ѝ е во јамка закачена околу вратот, што не се забележуваше од далеку затоа што беше во иста боја како и нејзината униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога се бричеше наутро, ставаше крпа околу вратот да не го испрска со пената од сапунот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А по секое качување на дрва или јаглен од визбата, редовно го четкаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Спиралата се одвиткува и како шамија ти се завива околу вратот.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Во десната рака, најчесто, носеше стаклено бокалче за вода, покриено со утлеисана тантела, на нозете пандофли со црвени туфки, облечена во лито фустанче со карнери околу вратот и ракавите, со ситен чекор на балерина или на препелица.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Грубата ленена кошула што ја носеше му беше подраспарана околу вратот и на рамената, а под неа ѕиркаше подебела поткошула.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ѝ личеше на прасе, подготвено за печење, на кое решиле да му закачат кожен ремен околу вратот, за да го довлечкаат (најмрзливо, се подразбира) до најблиското дрво.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Кучињата се исправија и тргнаа кон селото како и секогаш - две со стадото, едно, со железниот браник околу вратот, по нив.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
И ден-денес се сеќавам на сѐ: на мирисот на нејзиното црно трико, во кое изгледаше величествено; се сеќавам дека трикото беше отворено токму кај стомакот, и јас за првпат во животот го видов папокот на Луција, нешто што потем ме прогонуваше цел живот и ми раѓаше сосема чудни и не сосем јасни телесни желби; се сеќавам на мирисот на нејзината коса, фатена во опашка што ѝ паѓаше речиси до половината (мирисаше на цимет), коса што додека ја поткревав ме галеше по лицето; се сеќавам и на полуиспотените раце со кои ме фати околу вратот кога доскокнуваше, што беше сосема непотребно движење од нејзина страна.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој ден не се туширав, ниту ги миев рацете, за да ми остане мирисот на Луција на рацете и околу вратот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Старецот го погали, потоа го фати околу вратот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Двете стоеја во паркчето под саат кулата се држеа возбудено за златното ланче околу вратот на Томе и страстно тонеа во своите младешки желби и мечти.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога ми врза еден една, сета глава ми се заврте околу вратот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој го дочека, го стисна со левата рака околу врат додека десната ја држеше над него како да го посолува со нешто но веќе Андон му притрча отстрана и му се фрли в нозе а јас преценив кај е најслаб противникот и му се обесив на грб.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
БОЖО: Лесно е да се стави рака на чело, шал околу вратот и да се заплови во велтшмерц, во карасевдах.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Го прегрнав. Го фатив околу вратот и го стегнав, од задоволство.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Баба ми му се фрли со плачење околу вратот, а тој, како да се правда, ѝ рече: - Се загуби, Сандо.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бургиба беше облечен во традиционалната сина џелаба, со неизбежниот белосинкав шал околу вратот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
По навик што сѐ повеќе губеше смисла или по инерција што сѐ повеќе губеше сила, уште ја ставаше искапаната врска околу вратот како износен и широк огламник, при сѐ што од вратот му беа останале само брчки од кожата и безгласниот грклан; а косата на главата му опадна пред да побели - па во очите на ненаситните колеги сѐ повеќе прилегаше на белоглав орел со одрана шија, кој уште со ноктите се држи на карпата чекајќи да се срони заедно со неа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Нашата коза го прифати погледот на Сталин, започна да подигрува со опашот, сакаше да се ослободи од јажето со кое ја држевме врзана околу вратот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некои од нас сонуваат необични животни со гриви возвратени околу вратот со набрекнати и за кас спремни бедра како млади гиздави девојчиња со копита за долги копкања суштества што ’ржат и се пенат од милост што се топат суштества на јаве невидени невјавнати, на лов неоднесени би рекол и незауздани, неоседлани неразждребени а не знам од каде ми навираат зборовиве непознати како животните и бистрооки.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ѕидот пораснал уште повеќе, па младата жена продолжила: „Збогум, раце мои малечки, што се пружавте низ телото, вие веќе нема да приготвувате храна, ниту волна ќе предете, ниту пак ќе се составувате околу вратот на саканиот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И тогаш низ телото на младата жена поминале трпки, а нејзините молежливи очи упатиле поглед што го зборувал истото што би го кажале и подадените раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Озгора слегува и Гоше Љубин со наобесени раници околу вратот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
После правиме амајлии за на гуша. Збираме од трњето волна и ќе усучиме конче за околу вратот. За амајлиите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Полека го зема клучето од ланецот околу вратот и повторно ја нави прекрасната минијатурна градина.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)