Некое куче нѐ подлавнува, петлите кукурикаат по плотовите, сѐ околу нас пее. „Околу Ѓурѓовден, велеше мајка, секое дрво знае да пее и секое дрво да се радува.“
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ете тогаш кога, додека сѐ уште доаѓаа на зимување во Петочка Вода, рано напролет, околу Ѓурѓовден, Ѓурчиновите момоци ќе го поделеа својот булук на два дела и машките јаганца и јаловиците ќе ги потераа, преку газилата на Црна, на пазар во Битола и во Солун, а женските и молзниците низ Чепиговски Мртвици, преку Даутица и Јакупица кон родната Мијачија, тоа навистина прилегаше на пролетно раскрилување.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)