околу (предл.) - тебе (зам.)

А можеш да бидеш толку нечист и валкан, што околу тебе ројови муви да се збираат, ама пушката да ти е чиста! Разбра или не?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Како бре не можеш да разбереш, не можеш да забележиш ништо што се случува околу тебе?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Нели те збунуваат случувањата, околу тебе, дали се плашиш од нив?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
„Има нешто во воздухот околу тебе.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
ЈАКОВ: За да сфатиш што се случува околу тебе. НОВЕ: Зошто? За да ме затворат и мене?
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Се слуша офкање и газење. Гледам само сенки се меткаат околу тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Едно е арно дека нема кому да му потураш, кому да му миеш нозе и да му гувееш кога ќе вечера, а трипати е полошо оти нема кој да се опсени околу тебе, да ти покаже, да те поучи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Врзан си за постела, немаш ништо да се повртка околу тебе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)