Ако си среќен во себе, зошто би се возбудувал околу Големиот Брат, и околу Тригодишниот план, и околу Двете минути омраза, и околу сите нивни глупости?“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но има неколку години како се припрати, со бројна дружина составена од Турци и ѓакони вооружени со пиштоли, со топузи и со крстови, прилепскиот грчки поп, некојси Хаџи Ташку, Влав, и се натура тој да ги врши обредните работи и околу Водокрстот и околу сите празници во Потковицата - така било од памтивек, вели, сите работи во врска со христијанската вера во Потковицата ги вршеле грчки попови и на грчки јазик.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
„Може ли да им се верува на комунистите?“ - гласно ги прашува тој.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Во тој миг Цви Корец длабоко во срцето почувствува дека судбината негова, на семејството, советот, заедницата, на целиот овој град, сѐ посилно се заплеткува во големо клопче што се намотува, се пласти и стега околу сите нив заедно од некоја огромна сила спрема којашто секој отпор е слаб, оттука и излишен.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)