од (предл.) - сега (прил.)

И нема да дозволам, еве, на зборот си стојам, смртник да пречи од сега“.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Пак и да се допушти оти востанието тогаш ќе биде и посилно од сега и ќе ја принуди Европа да свика европска конференција, може ли некој да предрече оти решенијата на таа конференција ќе бидат во наша полза? – Одвај ли.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ќе ви ги напишам вашите „останати“ и одете по ѓаволите! - службеничката уште еднаш ѝ се обрати на целата опашка и јас ја добив неопходната легитимација, која потврдува дека од сега па натаму јас сум граѓанка на Хрватска.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И така. Тоа се работите околу поемата што ја чинат прилично...надвор од сега и од тогаш“.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Е, тој занает, почнувајќи од сега и наредните три-четири дена јас ќе ви го научам.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дали беше подобро или полошо од сега?“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Мирко: Од сега ти си војвода.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Овој малиот е на него. (Му брка во пазувата и вади пиштолче) Гледаш, уште од сега пиштол во појасот ставил.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Од сега па натаму имаш слобода да се среќаваш со него.“
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
И ние двете се грижиме за неа како и ти, ама од сега натаму повеќе да се грижиш за куќава кога останува сама отколку за Пеличка.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
На сличен начин компјутерот би можел да го симулира секој физички процес иако програмерот буквално би требало да чека, од сега па сѐ до вечноста, за да ги добие резултатите.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)