од (предл.) - неодамна (прил.)

Со новата жена, што ја доведе дома, се познаваше од неодамна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Од неодамна сѐ почесто забележувам грешки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Среде линеарно пишуваниот код т.е. абецедата, од неодамна се наоѓаат туѓинци т.е. знаци кои по својата структура не се линеарни.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Со посебно внимание Поетот се однесува кон разретчената коса и кон брадичето, кое, за жал, од неодамна и не е компактно црно, туку на повеќе места оснежено, а помеѓу врвот на брадата и долната усна постои и едно бело перче што потсетува на дамка од млеко, или траг од шампита.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)