од (предл.) - некаде (прил.)

Тоа обединување на полето на сите сфери, од некаде ми беше познато, прочитав некаде една НОВИНА дека: уште пред нашата ера Македонската силна Династија, Кралството Македонија, предводена од Големиот Александар Македонски- чии цели и определби беа сосема исти: создавање на еден развиен свет, во кој секој би бил задоволен, би цветала трговијата, културата, изградбата, напредок со соединување – преку мешање на разните култури, но и да се сочуваат националните обележиа на народите во светот. Зарем тоа не била идеа на глобализација?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Маса народ тргната од некаде за некаде, се движи како несопирлив бран украсен со разнобојни транспаренти што поединци ги носат кренати високо над главите, со знамиња што се веат над нивните глави, со извици што се креваат до небото и со барање на кое мора да се излезе во пресрет.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во секој случај, во чикмаците помеѓу зградите на „Нова Македонија“ ми истрчаа од некаде едни грди луѓе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зедов книга и сакав што побрзо да заспијам со неа в раце, но сонот не доаѓаше и јас почнав од некаде, без ред, на случајно отворена страница, да читам: „...во мириси што продираа длабоко во крвта и стануваа дел од мене, мирисаше на живот што со ситни гласчиња и движења се обединува во нешто силно, посилно од сѐ што би сакал, неделиво од мене, исто што и јас самиот, сѐ уште непронајден а желен... и мирна светлина е над мене и над светот, трага од нешто во мене, нешто што можело да биде и што било, нешто што ќе биде ако истраам во оваа празна состојба, без одбрана и без заштита, со браната на навиката и свеста и волјата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Вратата се отвори. На врата се појави едно момче, високо, стројно со бујна црна коса и очи, за мене познати од некаде, како да сум ги видела веќе многупати.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
А еве, сега пред неа лежи градот што таа толку сакаше да го напуштат, потонат во окупацискиот замолк, во првите студови, новата неизвесност, оскудиците во храна, во сапун, во спокој...
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таа жива и занесна, толку драга какофонија на гласови шумови, џагор, ведри повици, цивкање на деца, од некаде се слуша тажникав звук на вергл.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го слушаме капетанот, вреска силно и наострено, а крај него толкувачот, што го довеле од некаде, преведува: - Трпението дотраа.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одеше по билата на ридовите, за да може да гледа и на едната и на другата страна, повремено ќе се провикнеше: „Ме, меее“, мамејќи го телето и очекувајќи да го чуе од некаде неговото мукање.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Но тие и така мадро си седеа да не носат модро: знаеја дека прават хумор во бесконфликтно општество, беа свесни дека можат да ја критикуваат само соборената класа и дека нема ништо смешно во новата работничка што се регрутираше од селската сиромаштија, им беше укажано на недопирливите теми и имиња - сето тоа тие го имаа во малиот џеб, па сепак од некаде вадеа хумор, од ѓон цедеа лој.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Барем да знаев дека доаѓа по мене, туку седев така, потамина, да не наиде тој, да не дојде да се појави од некаде.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Тој, навикнат на шеќерот со којшто повремено го прихрануваше и блажеше неговиот одамна признат стопан Брчалото, сега здебелен до отромавеност, попусто секој ден излегуваше од своето скривалиште во фурната, се довлечкуваше до портата и со подзината уста очекуваше од некаде да се појави Брчалото.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, тоа не беше најстрашното: најстрашно беше тоа што ние живеевме во еден сосема реален и стварен свет, светот на Партијата; ги делевме нејзините ставови за светот и животот, а Јан Лудвик дојде од некаде, упадна во тој свет и сериозно ги разниша нашите убедувања; тој, со други зборови, сериозно се закани дека ќе го уништи тој свет, дека ќе го дупне, како меур од сапуница, и ние ќе останеме – надвор од него, во некаков безвоздушен простор.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Еве ти ја од некаде Билјана. Таа се доближи до нив.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Земјата е жолчката која од вртежот фатила тенка кора, врз која живиот свет атерирал од некаде, се населил или никнал – сеедно.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Од некаде се појави нашиот преведувач.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одеднаш сѐ повторно стивна, како нешто да ги задави сите отворени грла. Тишина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа се слушна грозничаво смеење, нему му се придружи сув плач, по подот од собата над нас затупотија стапала тешки како копита, од едната соба до нас се слушнаа удари во ѕидот, од другата соба до нас – мумлање, од некаде доаѓаа нејасни зборови кои бараа помош, зборови кои заблагодаруваа и зборови кои негодуваа, зборови со молба за пуштање на слобода, од некаде доаѓаа човечки гласови што звучеа како клокот на вода, како животински рев, како птичји крик, гласови што звучеа како ветер низ гранки и гласови што звучеа како удар на камен од камен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од некаде се појави доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Кога реков да им се служи алкохол само на посетителите, не претпоставував дека ќе пијат повеќе отколку што би пиеле лудите, доколку им беше дозволено!,“ рече доктор Гете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Топлата есен 2000 година од Христовото раѓање, во Византион илити Константинопол, илити Цариград, илити Стамбол, илити Истанбул на западната страна на црквата „Св. Софија“ (Аја Софија) откај што можеше најубаво да се види, да се доживее храмот, седнат на дрвена скамејка и по четврти пат го почувствував студеното ветре околу моето срце и знаев дека, од некаде, одблизу ме демнат темните очи на Рибоокиот, и оти неговото тело е во близина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Една квечерина стоев сам среде наосот. Во еден миг почувствува како од некаде ме гледаат нечии очи.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не помина миг време, кога од некаде, од кај ридовите, од над селото, од прнарите, од леските, од кај трњето, од кај капините, од зад сливите, од зад сувите треви, Алајко и Мире слушнаа свирки, тапани и тамбури, ечеше божја музика, божја милина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Србите го поддржуваа да не останат поназад од Бугарите; но да беа српските интереси така врзани со востанието, тогаш Србите стопати ќе ѝ објавеа досега војна на Турција без да чекаат од некаде помош, без да гледаат дали ќе биде излезот за нив благопријатен или не. – Бугарите хранат обездомени Македонци, но истото го прават и Србите.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Чекај малку“, ми рече човекот со многу брчки на лице, што се појави од некаде и ме зграпчи за рака баш кога се токмев да слезам кај постојката Бит Пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Или барем да успееш од некаде од подалеку да ги видиш малку поинакви, да го подзаборавиш сето она за нив, да го сметнеш тоа за нив и да ги видиш во некоја малку поблага, малку понова светлина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А набргу од некаде почна да се искрадува приквечерината. Тоа не беше темница.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мислата на Рада се развлекуваше како ластик, од некаде долу на Југ, сѐ до спојот на Ушќе, местото каде што денес потона и излезе од вителот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Струјкаше од некаде пријатна ладина. Навикнувајќи се на светлината, Арсо полека ги отвораше очите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Фигурираа уште неколку ликови-главата на ривалскиот клан Колбиеви, снаата на Блек Семи Џо (обид на Стивен да изврши ревизија на својата хомосексуална ориентација), па сетнем од некаде се појавува уште еден син на Блек, Адам.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А немаш човек да те види, од некаде сонце да те угрее...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И тогаш наеднаш, од некаде, ко од никаде се јавува Јон. Застанал на вратата од пондилата и ја запира водата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама мракот ме закрепува. Да не е мракот, си мислам, дека ќе паднам од некаде, ќе пропаднам некаде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Макар ќе стане мрава, пиле, ќе се испровре од некаде и ќе дојде да ме види.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ќе се зададат од некаде, ги гледам се држат за раце и ме гледаат како да не ме познаваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се плашиш да не чујат од некаде војници. Не знаеш кај се и не знаеш кои се. Од секаде се премотуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од некаде се задава викање. Трча и вика: - Јоне, Јоване, Јонеееј!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таков: карпи од чии врлежи се образува неспомната, ни во книга ни на слика, царска тврдина со стотици пештери и пештерчиња низ кои се спровираат лачи, под облаци чија боја е згуснатост на спокој и на кои лежи бакарно-портокалеста дамка и предвидува дека од некаде ќе скокне со јунешки пркос сонцето и ќе ја измени бојата на темната, спокојна, скоро мртва вода на чие дрво се претчувсвтвуваат билјурни ѕидишта на манстир; низ прозорците на ѕидиштата се провираат сребрени и модри ластари, на нив висат гроздови од мали сонца.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Од некаде допираше неуморно и ритмичко удирање на тарабука, потоа, во исто време, на тоа тропање му се придружи чкртање на бунарски чекрег и некаков кавгаџиски баритон. „Не се кајам“, му рече и ги тргна рацете. „Сепак мислам дека веќе не ќе можеме да се сретнуваме.“ Отец Симеон се насмевна - „Не биди сурова кон бронзаниот поет.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но таман ќе заклучите дека е лажно кога од некаде пак ви доаѓа идејата дека тврдењево мора да е вистинито. Пробајте и ќе се уверите!
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тој ме зеде дома, ми даде да ручам, ми ги плати дрвата и уште од некаде ми најде сол.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
– „Боже! Зер си гледал од некаде, ја ти кажал некој, море синко Силјане,“ му рекла мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не знам колку време мина кога сонцето блесна од зад облаците ги помести, ги разби маглиштата и талогот на еднообразноста дрворедот се озари доби лик, па одеднаш некои чудни форми почнаа да се об-јавуваат пред моите очи пред зумот, пред заумот. Ми се стори дека од некаде надоаѓа нешто боготворно светлината го овозможува совршенството но треба да го најдеш барај избегни ја судбината на просечниот ум, колатералната штета на непросветленоста.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тој Мирче беше дојденец од некаде и долги години слугуваше како момок по куќите.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И не само што не му текна тоа, туку помисли дека Ангеле знае од некаде дека од оние пари што ги собираше од селаните зел и тој.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Еднаш во градот допатува од некаде циркус, а Симонче не можеше никако да дојде до пари.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
А кога ти вечерта дојде од некаде и влезе кришум внатре, чувме плач во одајата, чувме дека дете „се роди“, и тогаш јасно ми стана зошто мајка ми редеше дипли на мевот и зошто седеше затворена во одајата чекајќи те тебе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Потоа замолчи и забележав дека збунето ги намршти веѓите и подзина, но бргу отпосле пак викна, но овојпат, - Јован!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ноќе ја заклучував вратата за да не ми влегува, но од страв сепак да не се шмугне од некаде и да ми ги ископа очите, воопшто не ни спиев.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од некаде се појави Вера. Таа застана до мажот опашан со офицерски ремени, прекурамо префрлена кожена чанта и пиштол на колкот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од кај исток се распука модрината на ноќта и небото прво зарудеа во црвени пламења, а после од некаде зад планината изрони и усвитеното коло на сонцето, кога бегалците избија на прашниот белузлав пат што се извиваше како змија по грбот на планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Затоа се изненадија кога ја видоа Божана како се враќа од некаде со полна фута.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ми жубори вода од некаде, се цедат скршени лубеници и портокали, се точат ладни бози и газози.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ушите ми свират и слушам: некој од некаде ме вика, некој од некаде ми се оѕвива. Постојано зборувам со некого, а немам јасна вистина за ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Месец март е почнат, а снегот од некаде се поврати и само трупа, се реди.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Однадвор ќе пропрска роса на стаклото, како да кивнал некој од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се готвам да легнам, а од некаде ми иде музика.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мора од некаде да дојде, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе ми шавне нешто од некаде и ќе чекам да ми се јави детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Позната ми е од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Луѓето мрдаат, се вртат, неспокојни ги прави пукањето што доаѓа од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се зададат од некаде, ко јато чавки ќе се зададат, и ќе почнат да прават свијоци по небото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трчам од некаде да си ја спасам мршата фрлена на подот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го криви лицето од лутина и бара помош од некаде, којзнае од каде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми иде од некаде, ми се присторува дека иде и пушта рака: ме трга да не настинам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се вртам и барам од некаде помош.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Одиме, се искачуваме, а една летна тишина заседнала: ни штурче да се јави, ни пиле да првне, да писне од некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ги интернирале од некаде ваму и пусто прават.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш од некаде ми доаѓа свирење на клавир.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од некаде долета славејче. Застана на една гранка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Еве ти ја од некаде Билјана. Таа се доближи до нив.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од некаде пресели во градината и полжави, кои секое росно утро ткаеја сребрени ленти по зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)